Ве известуваме дека на 31.03.2021 година Берзата изврши бришење на издавачот Скопски пазар АД Скопје од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.
Скопски пазар АД Скопје беше внесен на 14.01.2021 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.